🎥 ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКАТА РАКОМЕТНА ЛИГА Шведската публика пцуеше „на балкански“, Мелиќ тргна да ги вразуми
Шведскиот тим Савехоф славеше убедлива победа против Нексе во Европската лига, по што следуваше нервозна реакција на ветарнот во дрeсот на Нексе, 39-годишниот црногорски ракометар Фахрудин Мелиќ.
На натпреварот меѓу шведски Савехоф и Нексе од Хрватска во ракометната Европска лига за малку беше избегнат инцидент од поголеми размери, пренесува 24ракомет.мк
Домашниот тим славеше убедлива победа (34-28) по што следуваше нервозна реакција на ветарнот во дрeсот на Нексе, 39-годишниот црногорски ракометар Фахрудин Мелиќ. Изнервиран од поразот и од реакцијата на навивачите на Савехоф кои упатуваа пцовки „на балкански“ кон гостинските играчи, Мелиќ го прескокна рекламното пано и тргна да се пресмета со навивачите на трибините.
На тоа брзо реагираше обезбедувањето и другите играчи од Нексе кои успеаја да го задржат Мелиќ и спречија инцидент од поголеми размери.
Andra gången på 2 år som han inte klarar av lite hets😴 pic.twitter.com/OwnzYxUnOv
— Oscar Ernelind (@Oscarernelind) March 5, 2024