ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР Три лица се обиделе да го земат изборниот материјал
Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал, информираат од МВР.
Три лица се обиделе да влезат во објектот на општина Чаир каде што се чува изборен материјал. Лицата биле забележани од полицијата додека се обидувале да ја отворат предната врата и капијата и инцидентор е пријавен во полиција.
„Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – известуваат од МВР.