ИНЦИДЕНТ СРЕДЕ БЕЛГРАД Возач на автомобил „качи“ момче на хауба и побегна (ВИДЕО)
Како што може да се види на видеото, автомобилот удрил во младиот човек и неколку метри го носел на хаубата, додека останатите демонстранти удирале по возилото обидувајќи се да го запрат.
Страшен инцидент се случи денеска околу 13 часот во Белград пред Палатата Србија кога несовесен возач на автомобил буквално прегази еден од демонстрантите кои протестираат против ископување литиум и бор, објавија српските медиуми.
Инцидентот се случил на една од крстосниците околу Палатат Србија, кога возачот се обидел да ја пробие блокадата и со автомобилот удрил во момче кое учествувало на протестот.
Како што може да се види на видеото, автомобилот удрил во младиот човек и неколку метри го носел на хаубата, додека останатите демонстранти удирале по возилото обидувајќи се да го запрат.
Демонстрантите потоа му пришле на младото момче кое паднало од хауба на патот, а тоа им рекло дека е добро и дека не е тешко повредено.
– Мислевме дека несовесниот возач ќе застане, но напротив, тој ја зголеми брзината. Мислам дека сум добро, дефинитивно ќе одам на лекар, но нема потреба од брза помош. Ова е мојот трофеј, и затоа бев истраен додека ме возеше на хаубата – рече младиот човек, покажувајќи кон бришачот кој бил скинат од возилото што го удрило.
View this post on Instagram