Инцидент на седницата на хрватскиот Сабор: „Пратеникот Зулим врескаше лудо дека моите предци колеле луѓе“, напиша Пеовиќ

Зулим, исто така, е градоначалник со најдолг стаж во далматинската општина Сегет. Со неговото име во минатато се поврзуваа бројни скандали, а некои од нив беа за проневера и злоупотреба на општински пари за приватни цели, потсетува весникот „Јутарњи лист“ од Загреб.

508

Пратеничката на новиот хрватски Парламент, Катарина Пеовиќ од Работнички фронт, тврди дека денеска во Саборот дошло до инцидент, кога била вербално нападната од пратеник на ХДЗ.

FOTO Printskrin





– За време на паузата во парламентот бев вербално нападната од пратеникот на ХДЗ, Винко Зулим, кој врескаше лудо дека моите предци колеле луѓе. Се обидовме да го замоламе да не остави на мира, но дури и тоа не помогна, се додека неговите луѓе не го повлекоа од кафетеријата – напиша Пеовиќ на својот профил на Твитер.

Зулим, исто така, е градоначалник со најдолг стаж во далматинската општина Сегет. Со неговото име во минатато се поврзуваа бројни скандали, а некои од нив беа за проневера и злоупотреба на општински пари за приватни цели, потсетува весникот „Јутарњи лист“ од Загреб.

 

 

 

Поврзани содржини