ИНЦИДЕНТ НА ПОЛАГАЊЕТО ДРЖАВНА МАТУРА ВО КИЧЕВО Го фатиле како препишува, па ги викнал родителите
Ученик бил избркан од полагање бидејќи користел телефон за време на тестот. По ова родителите дошле во училиште и вербално ги нападнале тестаторите по што интервенирала и полицијата.
Обид за препишување на државна матура завршил со инцидент во Кичево.
Ученик бил избркан од полагање бидејќи користел телефон за време на тестот. По ова родителите дошле во училиште и вербално ги нападнале тестаторите по што интервенирала и полицијата.
Освен овој, од полагање се отстранети повеќе ученици кои и вториот екстерен тест го сликале за да препишуваат.
Во Вибер групата каде бил споделен испитот англиски јазик членувале повеќе од 3.000 ученици. Помош преку Вибер барале и за тестот по математика.
Препишувачи се фатени во десетина градови низ државата.За разлика од првиот тест сега сите ученици кои фотографирале и користеле телефон паднале на испитот. Сепак, овие ученици ќе имаат шанса повторно да полагаат во август. ДИЦ отстраниле и тестатори кои допуштиле да се користи телефон.
Државна матура се полагаше во холовите и спортските сали на училиштата за да има поголема прегледност за време на полагањето.