ИНЦИДЕНТ НА ОСКАРИТЕ Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок среде сцена! (ВИДЕО)
Рок излезе на сцената да ги прогласи победниците за најдобар документарен филм, но пред тоа реши да направи неколку брзи шеги.
„Што се случи?!“, се прашуваа сите кои го гледаа доделувањето на Оскарите кога Вил Смит ненадејно стана и од своето седиште, истрча кон сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, кој се пошегува на сметкана неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Рок излезе на сцената да ги прогласи победниците за најдобар документарен филм, но пред тоа реши да направи неколку брзи шеги.
Една од нив беше упатена до Џејда Пинкет Смит дека сега може да игра во филмот „Џи-Ај-Џејн“, алудирајќи на нејзината ќелавост. Џејда претходно во медиумите зборуваше за опаѓање на косата.
Меѓутоа, додека другите се смееја во публиката, шегата воопшто не му се допадна на Вил Смит, кој скокна од своето место, истрча на сцената и му удри шлаканица на комичарот.
„Држи го името на мојата сопруга од твојата е…а уста“, извика Вил Смит кога се вратил и седнал.
Крис Рок остана шокирано, но сепак, прибран на сцената, додека ѕвездите во публиката беа видно шокирании и во неверица.
Подоцна, откако го доби својот Оскар за главна машка улога во филмот „Кралот Ричард“, Вил Смит се извини низ солзи за постапката.
Но, на социјалните мрежи не престануваат да го осудуваат делото на Вил Смит и апелираат дека Академијата поддржува насилство и дека требало веднаш да го отстрани актерот од доделувањето.
ФОТО: Јутјуб