ИНАУГУРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР Арктичка експлозија ја зафати државата, вели Трамп

Последниот претседател што положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, поради ниските температури. Реган положи заклетва во ротондата на Капитол, а инаугуративната парада беше откажана. 

466

Доналд Трамп вечерва објави дека неговата инаугурација како претседател на САД в понеделник ќе биде преместена во затворен простор поради најавите не метеоролозите за исклучително ниски температури на воздухот.

„Арктичка експлозија ја зафати државата. Затоа, наредив инаугурациското обраќање, покрај молитвите и другите говори, да се одржат во ротондата на Капитол“, напиша Трамп на неговата апликација Truth Social.






Последниот претседател што положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, поради ниските температури. Реган положи заклетва во ротондата на Капитол, а инаугуративната парада беше откажана.

Поврзани содржини