Импозантна глетка од северот на Атлантикот, отворена мрежа на подводни тунели долга 11 километри ФОТО ВИДЕО

544

На Фарските острови отворена е мрежа на подводни тунели по изградбата која траела три години. Ова е големо ослеснување за жителите на таа данска автономна покраина на северот на Атлантик, на кои до сега од главниот град Торшавна до другото поголемо место Рунавик патувале еден час и 14 минути. Од понеделникот истата рута се поминува само за 16 минути.

Abaca-Abaca-Press-Profimedia.





Тунелите се долги околу 11 километри, а најниската точка на овој голем инфраструктурен проект се наоѓа на 187 метри под нивото на морето. Интересно е дека тунелите се украсени со скулптури и со светлосни ефекти на уметникот Трондуро Патурсон.

Abaca-Abaca-Press-Profimedia

Локал. Фо, водечкиот портал на Фарските острови, пишува дека тнеларината ќе чини околу 75 дански круни, но за домашните граѓани ќе биде поефтино.

Abaca-Abaca-Press-Profimedia

Во тек е уште една изградба на подводен тунел кој ќе го спојува островите Sandoy i Streymoy.

Поврзани содржини