ИМОТОТ Е НАСЛЕДЕН ПО ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА, ХОТЕЛ НЕ СЕ ГРАДИ Од СДСМ велат дека Стоилковски шири лаги за Стефан Богоев
Од СДСМ објаснија дека по оставинската постапка поради прераната смрт на таткото на Богоев, пред 6 месеци, тој имот ѝ припаднал на неговата мајка.
Имотот што го споменуваат ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски не е на Стефан Богоев, а хотел не се гради. ДУП-от не е нов, туку е донесен пред Звонко Пекевски воопшто да биде избран за градоначалник, реагираше СДСМ по прозивките на ВМРО-ДПММЕ дека Богоев ќе гради хотел во Беровско.
Од СДСМ објаснија дека по оставинската постапка поради прераната смрт на таткото на Богоев, пред 6 месеци, тој имот ѝ припаднал на неговата мајка.
„Тој имот бил заедничка сопственост на таткото на Богоев и на неговите соседи и бил купен од физички лица а не од државата. Во моментов таму не се гради хотел, ниту пак во догледно време ќе има хотел на тоа место. Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма. Тоа говори до каде на нивото на нечовечност оди ВМРО-ДПМНЕ. Криминал, корупција и богатење на грбот на граѓаните е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ освен лаги и манипулации не може ништо да понуди, затоа и не може да излезе од сенката на Левица“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција во саботата изјави дека Богоев ќе стане хотелиер и дека за таа намена лани, 10 дена пред локалните избори, купил имот од 7.500 м2, до езерото во Берово, на име на мајка си.