БОГАТИ ПАШИ НА СИРОМАШНИ ВИЛАЕТИ Каков имот поседуваат Заев, Ѓукановиќ, Додик, Вучиќ…?
Црногорскиот претседател поседува два стана, една станбена површина, две неплодни земјишта, три нестанбени површини, еден овоштарник, седум пасишта, осум ливади, еден двор, две површини под станбена зграда и дури 11 шуми. Како што се наведува, тој по оставинската постапка се стекнал со завидна сопственост преку откуп, наследство и преку размена.
Порталот Н1 излезе со анализа во која ги споредува имотите и примањата на пет балкански лидери, инсинуирајќи дека поранешниот македонски премиер Зоран Заев имал вила на Халкидики, дека Мило Ѓукановиќ поседува цели пасишта и згради, Зоран Милановиќ од Хрватска успеал да заштеди милион куни, босанскиот лидер Мирослав Додик имал ужасно скапа вила во Белград, додека српскиот претседател Александар Вучиќ е „најсиромашен“ во оваа дружина. Сепак, ова се „богати лидери на сиромашни земји“, како што се наведува.
Еве што поседуваат некои од балканските политичари.
Заев и вилата на Халкидики
Поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, редовно поднесува извештаи за неговиот имот, пишува Н1. Вилата на Халкидики за која со години обвинува опозицијата не се наоѓа во неговиот имотен лист, а тој ги негираше овие шпекулации и бараше извинување.
Во неговиот имотен лист има две нови ставки – заем што сопругата го зела во износ од 330 илјади денари (5.500 евра). Исто така се шпекулира дека Заев на подарок добил стан од 46 квадрати со подрум во Струмица.
За разлика од претходниот мандат, пишува Н1, Заев сега го пријавил возилото, но тоа не е негов личен автомобил, туку возило на неговите деца, Мини Купер, кој вреди 870 илјади денари (14.500 илјади евра).
Покрај самиот Заев и неговата сопруга имот од 100.000 евра поседуваат и родителите на поранешниот премиер. Тоа е деловен простор во Струмица од 3.690.000 денари, површина од 60 м2 и 4 хектари земјоделско земјиште во Муртино во вредност од 2,4 милиони денари.
Ѓукановиќ поседува пасишта и згради
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ има еден од највпечатливите имотни листови. Во извештајот што го доставил до црногорската Антикорупциска комисија лани во јануари стои дека неговата плата е 2.120 евра, додека неговата сопруга Лидија добива надомест од три неименувани фирми во износ од 2.712 евра на месечно ниво. Покрај тоа, Лидија Ѓукановиќ поседува автомобил Ауди А3 купен на кредит.
Ѓукановиќ има 25 отсто удел во фирмата „Универзитас“, како и половина од сопственоста на „Глобал Монтенегро“. Она што зачудува во извештајот е целиот недвижен имот во сопственост на Ѓукановиќ. Имено, сопругата на претседателот на Црна Гора е сопственик на шума, семеен станбен објект и помошен објект за двор и ливада, а како што се наведува во извештајот ги стекнала овие нешта преку наследство.
Црногорскиот претседател поседува два стана, една станбена површина, две неплодни земјишта, три нестанбени површини, еден овоштарник, седум пасишта, осум ливади, еден двор, две површини под станбена зграда и дури 11 шуми. Како што се наведува, тој по оставинската постапка се стекнал со завидна сопственост преку откуп, наследство и размена.
Ѓукановиќ, сепак, не дал увид во неговите банкарски сметки, па засега не може да се процени колку пари има на нив.
Милановиќ е „милионер“
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пријави значително зголемување на неговата штедна книшка која сега има околу 133.000 евра. Освен тоа, платата на Милановиќ скокнала во однос на претходната година и сега изнесува 3.500 евра.
Скок во заработката пријавила и неговата сопруга Сања Мусиќ Милановиќ, која сега има плата од 2.000 евра. Првата дама на Хрватска се занимава со медицина, а и со предавања, па од дополнителната работа месечно заработува околу 965 евра.
Дополнително, претседателската двојка поседува стан, гаража, ливада, две ниви и викендичка со земјиште, кое е стекнато преку наследство.
Скапата вила на Додик во Белград
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, во имотната книшка изјавил дека поседува стан од 40.000 евра, како и две куќи. Проценетата вредност на куќите во БиХ е околу 150.000 евра, додека вилата во Србија вреди неверојатни 871.000 евра. Додик поседува и автомобил вреден околу пет илјади евра, но има и кредит од „Павловиќ банка“ во износ од 450.000 евра.
Лидерот на Србите во БиХ дал увид и во банкарските сметки на кои има вкупно 27.000 евра. Неговата сопруга по ставката „соработка на заеднички имот“ има приход од околу 23.000 евра месечно, а поседува и земјиште од околу 45.000 евра, како и деловен простор од околу 50.000 евра.
За разлика од првата дама на Црна Гора, чиј автомобил е купен на кредит, Снежана Додик поседува возило вредно околу 20.000 евра.
Вучиќ е најсиромашниот државник?
Според имотната книшка на српскиот претседател Александар Вучиќ, објавена на страницата на Антикорупциската комисија на Србија, тој е еден од најсиромашните државници во регионот. Вучиќ наводно поседува само гарсоњера од 30 квадрати. Сепак, семејството на Вучиќ поседува голем број имоти во главниот град, но и земјиште во Бечеј, Сремска Митровица и Бугојно во Босна и Херцеговина. Платата на претседателот во моментот изнесува 168.000 динари, што е околу 1.350 евра.