Именден на времето:
– домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме.
– немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти.
– теми на расправа: Втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција.
– пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери „Југометал 90″ и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата.
– никој не носеше дрвена лептир машна.
– се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој… обично тој шо не знае да пее.
Именден сега:
– исти курац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема.
– масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен.
– на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА, КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО, СДСМ дур хипикот на маса не речи „Сите се исти”. Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от.
– во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме.
– од рецепти се разговара само за рецепти за лекови.
– има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала.
(Фејсбук статус на авторот)