Имавте контакт со заразен од ковид-19? Еве што треба прво да направите и кога е вистинско време да се тестирате
Ако сте биле изложени на вирусот, веројатно нема веднаш да развиете симптоми. Можно е да поминат и две седмици пред да се појави првиот показател дека сте се разболеле.
Ако сте биле во контакт со заразен од коронавирусот, веројатно веднаш ви доаѓа мислата на ум дека треба веднаш да се тестирате. Но, експертите тврдат дека тестот не треба да се направи веднаш.
Универзалниот совет е дека треба да се изолирате, без оглед на тоа дали се чувствувате болно или пак не, со оглед на инкубацијата може изолацијата да трае до 14 дена.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести дал препорака дека треба да се тестирате во следните случаи:
– доколку имате симптоми на ковид-19;
– доколку сте биле во близок контакт со заразен;
– доколку здравствен работник ве упатил на тестирање.
Ако сте биле изложени на вирусот, веројатно нема веднаш да развиете симптоми. Можно е да поминат и две седмици пред да се појави првиот показател дека сте се разболеле.
Сепак, треба да почекате со тестирањето, затоа што доколку се тестирате веднаш откако сте биле изложени на вирусот, објаснуваат експертите, можно е тестот да биде негативен, без оглед на тоа дали сте или не сте заразени.
Лажно негативниот тест може да биде опасен затоа што вие ќе го ширите вирусот околу себе, не знаејќи дека сте заразени. Експертите советуваат по контакт со заразен да почекате четири дена пред да се тестирате, а со цел вирусот да има доволно време да се собере во вашето тело доколку сте заразени.
– Доколку тестот е позитивен, а се чувствувате добро, тогаш секако дека треба да се изолирате, а доколку тестот е негативен, тогаш повторно имајте ги предвид 14-те дена за периодот на инкубација, советува Ромас Рус, шеф на одделението за заразни болести при Универзитетот Бафало во Њујорк.