„ИМАВ САМО 22 ГОДИНИ КОГА ИМАВ ПРОБЛЕМ ДА ЗАБРЕМЕНАМ“ Цеца се подложила на ин витро, Аркан цело време бил покрај неа
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ доби две деца со покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во една прилика раскажа дека синот Вељко го добила преку ин витро (вештачко оплодување).
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ доби две деца со покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во една прилика раскажа дека синот Вељко го добила преку ин витро (вештачко оплодување).
Цеца откри дека се подложила на ин витро кога имала само 22 години, а Аркан цело време бил покрај неа и ја поддржувал:
– Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата „Народен фронт“ на ин витро – рекла Цеца и додала:
– Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – изјави пејачката која во 1995 година го роди синот Вељко, а три години подоцна ќерката Анастасија.