Точно пред една година љубовната врска меѓу ѕвездата на хит серијата „Чувари на плажата“ Памела Андерсон (52) и фудбалерот на Марсеј, Адил Рами (34) претрпе крах. Американската актерка јавно го обвини Французинот за неверство, нарекувајќи го чудовиште и социопат.
Рами, пак, решил да се пофали пред своите соиграчи со сочни приказни за Памела. Соиграч на фудбалерот Рами, Александар Кокорин, ја обелоденил вистината дека на Рами останатите соиграчи го испитувале сè во врска со зајачицата на „Плејбој“.
– Рами ни раскажа многу интересни работи за Памела Андерсон. Секако, сите бевме заинтересирани за нивниот однос во креветот – рекол Александар Кокорин (29), напаѓачот на Сочи, па додал:
– Тој зборуваше дека Памела му била најдобрата жена во животот и дека со неа имал по 12 пати секс во една ноќ – раскажал Кокорин.
На Памела не ѝ беше непријатно да открива детали со Рами, па така даваше изјави од типот дека ѝ се допаѓа кога тој ѝ готви облечен во секси домаќинка. Го нарекуваше „сладолед“.
По пристигнувањето во Сочи, Рами се пошегувал со градите на својата поранешна девојка:
„Светскиот шампион Адил Рами го донесе најдоброто од Памела во Русија“, пишувало во објавата.
Љубовта помеѓу Памела и Рами никогаш не била искрена и чиста. Сепак, тие двајца сега се во лоши односи.
FOTO: Instagram