ИМАТЕ СУВА КОЖА? Природната козметика со дива роза од alverde може да ви помогне, побарајте ја во dm

Маслото од дива роза има многу малку заеднички особини со обичното масло од роза. Зошто е тоа така, и како линијата од alverde со масло од дива роза ѝ помага на вашата кожа, прочитајте во продолжение!

155

Маслото од дива роза се одликува со висок процент на повеќе незаситени масни киселини како линолеова киселина. Оваа киселина дава висока доза на хидратација, делува против иритации и има регенеративно дејство. Покрај тоа, маслото од дива роза содржи ликопин, состојка која делува против слободни радикали. Но, богата е и со витамини: покрај Витамин Ц, кој има високо антиоксидациско дејство, маслото содржи и витамин А, кој го поддржува сопственото производство на колаген на кожата, кој пак е важен за одржување на еластичноста. Витаминот Е има антиинфламаторно дејство и ја смирува кожата.

Комплетна линија на производи од alverde:






– alverde млеко за чистење лице со дива роза и влажни марамици – ја ослободуваат кожата од нечистотии и шминка, без да ја исушат

– По отстранувањето на шминката, alverde тоникот за лице ќе ѝ даде сјај на вашата кожа

– За целосна нега тука се alverde дневниот крем за лице, alverde ноќниот крем за лице, како и alverde маслото за лице од дива роза

Природна регенерација за вашата кожа

Линијата од alverde со масло од дива роза содржи исклучиво сертифицирани екстракти од биолошки насади и е сертифицирана со Natrue сертификатот. Веганските производи не содржат минерални масла, како и вештачки бои, ароми и конзерванси.

Посетете ја најблиската dm дрогерија и изберете го најдоброто од природата!

Поврзани содржини