ИМАШЕ ПОЛНИ 100 ГОДИНИ Почина Џими Картер, поранешен претседател на САД
Демократот беше претседател од 1977 до 1981 година. Откако ја напушти Белата куќа со низок рејтинг, репутацијата му се врати преку хуманитарна работа, а потоа ја доби и Нобеловата награда за мир.
Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, почина на 100-годишна возраст, потврди центарот Картер кој тој самиот го основаше.
Картер живееше подолго од кој било друг претседател во историјата, откако во октомври го прослави својот 100-ти роденден.
Центарот Картер соопшти дека тој починал во неделата попладне во неговиот роден град Плејнс во Џорџија.
Демократот беше претседател од 1977 до 1981 година. Откако ја напушти Белата куќа со низок рејтинг, репутацијата му се врати преку хуманитарна работа, а потоа ја доби и Нобеловата награда за мир.