ИМАШЕ НАЈДОЛГ СТАЖ ВО НБА Почина легендарниот коментатор Ал Мекој

Ал Мекој беше најдолготрајниот тимски радиодифузер во историјата на НБА. Својот прв натпревар го работел на 27 септември 1972 година, а последниот на 11 мај 2023 година кога поради старост мораше да се повлече.

356

Легендарниот радио водител и коментатор, Ал Мекој, почина на 91-годишна возраст. Мекој беше дел од НБА повеќе од половина век, како радио глас на тимот Феникс Санс.

Мекој беше најдолготрајниот тимски радиодифузер во историјата на НБА. Својот прв натпревар го работел на 27 септември 1972 година, а последниот на 11 мај 2023 година кога поради старост мораше да се повлече.






– Тажен ден за сите во Санс – изјави легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.

Мекој во 2009 година беше примен во Куќата на славните.

Поврзани содржини