„Сите кои имаат домашни или службени персонални компјутери кои не ги користат или на кои им е потребна поправка или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во Општина Бутел. Општина Бутел и ИТ Секторот ќе ги оспособуваат технички донираните компјутери кои подоцна ќе се поделат во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесени барања од родители на деца кои не се во можност да ја следат наставата“, соопшти Општината.
Општина Бутел апелира до сите граѓани и стопански субјекти да донираат компјутери кои не им се потребни. Тие компјутери потоа ќе се донираат на ученици кои немаат можност да следат онлајн настава.