Имаш нешто нуспојави од српската вакцина? Ништа брате!

Овие шо одат Србија да не го ситнат отпорот и да не ја изгубиме предноста шо немаме вакцини?

3,243

Во право беа Заев и Филипче дека масовна вакцинација ќе почне во март. Само не кажаа дека ќе е во Србија. Свака час!

***






Вучиќ направи повеќе за нас од сопствената влада, колку шо ќе се вакцинираат викендов во Србија ние за месеци нема да имаме вакцинирани.

Само ме мачи овие шо одат Србија да не го ситнат отпорот и да не ја изгубиме предноста шо немаме вакцини.

***

Можеше попис да се напрај на Табановце и плус ние 5-6 души шо не сме натаму тргнати.

***

И сега шо се вакцинирате по Србии, од кај да знат колку вакцини да нарачаат? Тешко владата со ваков народ!

***

Наше ќе биде и белградско полеееее…

***


Чекаат да се ажурираат во најпрогресивната партија, да се дел од авангарда.

Се заебавам, поради неспособоста на таа самопрогласена авангарда одат во Србија да се вакцинираат. Шо знаат овие на сликата за врв на демократија, предности и слично…

***

Треба на паркинг пред вакцинален пункт да имаат концерт Ориѓански и Шаќири, да можат и тие шо се во Србија да ја чувствуваат радоста од година дена членство во НАТО.

***

– Имаш нешто нуспојави од српската вакцина?

– Ништа брате..

(ФБ статуси на авторот)

Поврзани содржини