ИМАМЕ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ Податоците на „Отворени финансии“ ќе бидат ажурирани за брзо време, велат од Министерството за финансии

„Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции  и извршени трансакции“, стои во соопштението од МФ.

209

Министерството за финансии информира дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“, појаснувајќи дека надлежниот сектор од Министерството заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.

„Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции  и извршени трансакции“, стои во соопштението од МФ.






Порталот, се вели во соопштението, е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства, како и дека податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци. 

Поврзани содржини