„ИМАМЕ САМО ЕДНО БАРАЊЕ“ Кадиров најави доколку е потребно ќе одат до Киев

Оваа недела, како што знаете, целосно ја ослободивме целата територија на ЛНР од екстремистичките копилиња. Да, ова е несомнено историско и судбоносно достигнување за Луганск, но барем за нас, Чеченците, специјалната операција сѐ уште е далеку од завршена, рече чеченскиот претседател.

1,733

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров како негова следна задача во рамките на специјалната операција го наведе уништувањето на останатите терористите кои избегаа од Чеченија во Украина.

– Оваа недела, како што знаете, целосно ја ослободивме целата територија на ЛНР од екстремистичките копилиња. Да, ова е несомнено историско и судбоносно достигнување за Луганск, но барем за нас, Чеченците, специјалната операција сѐ уште е далеку од завршена – рече тој.






– Очајно се надеваме дека ќе ни се даде можност, доколку е потребно, да стигнеме до Киев и да ги елиминираме терористите кои некогаш избегаа од Чеченската Република“, вели Кадиров.

Претседателот на Чеченија истакна дека овие терористи се бараат и сега се во Киев. Според него, сите чеченски борци интензивно се подготвуваат и го чекаат моментот кога ќе добијат соодветни инструкции.

– За нас фундаментално прашање е да се справиме со ѓаволите кои дивееја во Чеченската република. Ние ги бараме долго време – додаде Кадиров.

Тој потсети дека многупати најавувал голема награда за информации за милитантите. Од самиот почеток на специјалната операција посебна задача беше да се најде локацијата каде тие се наоѓаат.

– Имам само едно барање. Тоа е да ни дозволат, доколку биде потребно, ќе одиме и до Киев и да се пресметаме со нашите крвни непријатели. Само тоа го бараме, другото сами ќе го средиме – заклучи Кадиров.

Поврзани содржини