ИМАМЕ ПАЈАК-ВОЗИЛО, АМА МВР РАБОТИ СЕЛЕКТИВНО Димитриевски вели дека тротоарите се враќаат на граѓаните

Градиме нови тротоари со одредена динамика во рамки на можностите кои ги узурпираат несовесни граѓани и тука општината е немоќна затоа што тоа е делот на МВР, рече кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

850

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во Студио 10 на ТВ 24 истакна дека тротоарите се враќаат на граѓаните, по примерот на булеварот Октомвриска револуција со поставување столпчиња кое се покажало како ефикасно решение.

– Сега имаме каде да возиме велосипеди, а тоа претходно беше невозможно. Градиме нови тротоари со одредена динамика во рамки на можностите кои ги узурпираат несовесни граѓани и тука општината е немоќна затоа што тоа е делот на МВР. Имаме купено пајак возило и е на располагање на МВР коешто работи селективно, во еден дел работи, а во друг не – рече Димитриевски.






Тој потенцираше дека согласно студија се планира да се отворат три главни линии и еден кружен циклус за да се слободи просторот и да може да се користат велосипедските патеки.

– Дополнително ќе градиме и пробиваме нови сообраќајници каде што има тесно грло, но врз реална основа. Со нови кружни токови и паркиралишта успеавме да изградиме и ставиме во функција 4 паркинг простори, плус една модуларна катна гаража. Сè со цел поголем број на паркинг места, отворање на сообраќајниците и затворање на некои сообраќајниците во централно градско подрачје – изјави Димитриевски.

Димитриевски посочи дека концептот „За наше Куманово“ има издржана програма, во која се предвидени нови зелени површини, нови сообраќајници, многу паркиралишта и уште пет нови кружни текови.

Во емисијата, тој информираше дека Куманово е единствениот град кој има студија за сообраќајна мобилност, а најави и враќање на тротоарите на пешаците.

Поврзани содржини
na