ИМАМЕ НОВО МНОЗИНСТВО! Наша цел е рушење на оваа влада

Не мора да значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица, дека мнозинството го немаме. Ние правиме сè само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка, вели Села.

2,321

Лидерот на Алијанса на Албанците Зијаден Села, потврди дека се обезбедени потписите на пратениците, со кои ќе се дојде до новото парламентарно мнозинство. Тој го објасни и случајот со Скендер Реџепи, кој претходно објави дека му пречеле двајцата пратеници на Левица, кои исто така дадоа поддршка за промената на власта. .

– Не мора да значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица, дека мнозинството го немаме. Ние правиме сè само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка. Ако се зборува за анти албанска и анти нато албанска партија зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија. Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во влада – изјави Села на влегување во Собранието.






На одредени албански политичари им е проблематичен ставот на Левица околу членството во НАТО и признавањето на Косово.

-Што се однесува за НАТО, тоа е завршена работа, Македонија е негова членка и никој не може да ја извади од тој сојуз. Истото важи и за Косово. Косово е признаена независна држава од страна на Македонија и никој тоа не може да го врати назад, особено не партија нова и мала како Левица. Новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа влада – додаде Села.

Поврзани содржини