ИМАМЕ НОВ КАПИТЕН Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента од Горан Пандев
Сакам да му се заблагодарам на Горан Пандев за сето она што го има постигнато за оваа репрезентација и тој треба да ни биде пример на сите како треба да се продолжи со патот, изјави новиот капитен.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е новиот капитен на репрезентацијата и тој веќе утре ќе ја носи капитенската лента за време на натпреварот против Ерменија. Промената на капитенот се случи поради тоа што нашата фудбалска легенда и долгогодишен носител на лентата, Горан Пандев, одлучи да се пензионира по Европското првенство, а изборот падна на Стефан Ристовски поради тоа што тој е еден од најискусните наши репрезентативци – од 2011 година е дел од сениорскиот тим на Македонија.
– Сакам да му се заблагодарам на Горан Пандев за сето она што го има постигнато за оваа репрезентација и тој треба да ни биде пример на сите како треба да се продолжи со патот. Огромна е честа што сум нов капитен на оваа генерација, а голема благодарност и доо селекторот што ми ја даде довербата – изјави Ристовски.
Тој се надева на позитивен резултат на утрешниот натпревар против Ерменија.
– Реално, имаме многу промени во репрезентацијата, но ние сме професионалци и ќе продолжиме онаму каде што застанавме. Македонија сега сите ја гледаат со поинакви очи и треба така да продолжиме да се однесуваме – истакна Ристовски.