ИМАМЕ МУНИЦИЈА ЗА ДОЛГО ДА ВОЈУВАМЕ СО ИРАН За Пентагон погодените 200 цели се само почеток
Судирот меѓу САД и Иран, според Пентагон, штотуку започнал и може да се прошири. Американската команда тврди дека за само 72 часа погодиле речиси 200 цели и уништиле десетици бродови.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет тврди дека САД имаат јасна воена предност во судирот со Иран. Кампањата, според него, штотуку започнала и Вашингтон е подготвен за долга операција.
– Немаме недостиг на муниција. Нашите резерви на одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја одржиме оваа кампања колку што ни е потребно – изјави Хегсет зборувајќи на прес-конференција.
Според него борбата е во рана фаза. Американската страна очекува продолжување на операциите.
– Само што почнавме борба и одлучно ќе се бориме – рече Хегсет.
Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, даде конкретни бројки за првите операции.
Американските сили погодиле речиси 200 цели во Иран. Операциите траеле околу 72 часа. Дел од нападите се случиле и околу Техеран.
Купер изнесе и податоци за поморските операции. Според него уништени или потонати се 30 ирански бродови. Ова, според американската команда, значително ја намалило поморската способност на Иран.