ИМАМЕ МНОЗИНСТВО ДА ГИ РАЗРЕШИМЕ МЕЏИТИ И АЛИУ Спроведуваме одлука на партиските тела, вели Зијадин Села

Поранешнито претседател на Алијанса на Албанците вели дека и Арбен Таравари е поканет на утрешната седница на Централното собрание на партијата.

591

Пратеникот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави денеска дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

– Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците – рече Села.






На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села нагласи дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

– Го имам покането, како и секој друг член на Централното собрание, со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде тамуизјави Села.

 

Поврзани содржини