ИМАМЕ ЛУЃЕ БЛИСКУ ДО ПУТИН Русија ја губи информациската војна, тврди шефот на украинските разузнавачи
Сите следни војни ќе изгледаат вака, во која било земја во светот, истакнува шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Будинов.
Украина го „поставува трендот“ во информациската војна и сега Русија ја губи таа војна, изјави шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Будинов.
Тој тврди дека Украина има „извори“ блиски до Владимир Путин и дека Русија ја губи битката за информации.
– Сите следни војни ќе изгледаат вака. Во која било земја во светот. Можеме да кажеме дека го поставуваме трендот. Овде почнавме на сосема поинаков начин. А сега Русите ја губат битката за информации “, изјави Будинов.