ИМАМЕ ЛИ ШАНСИ ЗА ЕВРОПСКО? Македонија се падна во најтешката група за квалификации

Македонија е дел од Ц групата во која конкуренцијата е најтешка за пласман на континенталниот шампионат.

452

Македонија немаше среќа во ждрепката за Европското првенство во фудбал што ќе се одржи за две години во Германија. Таа е дел од Ц групата во која конкуренцијата е најтешка за пласман на континенталниот шампионат.

Финалистите од последниот шампионат, Италија и Англија, Украина и Малта се нашите противници во Ц групата.






Квалитетот на селекциите не дава голема надеж дека Македонија ќе успее да биде дел од уште едно големо натпреварување.

Сите четири репрезентации кои се дел од Ц групата се апсолутни фаворити во соочувањата со Малта.

Пласман на континенталниот шампионат обезбедуваат двете првопласирани од секоја група, а новиот циклус квалификации почнува во март следната година и завршуваат во ноември.

Еве ги сите групи за квалификации за ЕП 2024

Група „А“: Шпанија, Шкотска Норвешка, Грузија, Кипар.

Група „Б“: Холандија, Франција, Република Ирска, Грција, Гибралтар.

Група „Ц“: Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта.

Група „Д“: Хрватска, Велс, Ерменија, Турција, Летонија.

Група „Е“: Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови, Молдавија.

Група „Ф“: Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан, Естонија.

Група „Г“: Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Литванија.

Група „Х“: Данска, Финска, Словенија, Казахстан, Северна Ирска, Сан Марино.

Група „И“: Швајцарија, Израел, Романија, Косово, Белорусија, Андора.

Група „Ј“: Португалија, Босна и Херцеговина, Исланд, Луксембург, Словачка, Лихтенштајн.

Поврзани содржини