ИМАМЕ ЛИ НИЕ КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ? Во пандемијата загубивме еден помал град
Од опозициската партија ѝпорачаа на власта да престане со импровизации и одговорно да се зафати со работа.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали во Македонија воопшто постои Комисија за здравствеи болести и дали имаме Министерство за здравство, бидејќи според нив ситуација со ковид-кризата е алармантна.
„Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? Ковид убива поради неспособноста на владата. Вчера повторно бројот на заболени од КОВИД е скоро 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот. Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град. Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува КОВИД, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија ѝпорачаа на власта да престане со импровизации и одговорно да се зафати со работа.