МИЦКОСКИ ПОВИКА НА МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ Повика да се гласа за партии кои можат да менуваат
Во суштина имаме две понуди една понуда кој нè враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на ТВ Сител.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор.
– Во суштина имаме две понуди една понуда кој нè враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас. Јас ги повикувам да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовна да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. Втората порака е да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали политички партии коишто практично се мала група која профитира на основа на гласот на граѓаните и трето убеден сум ако го слушаат разумот и срцето и длабоко во душата се фокусираат што им вели тогаш убеден сум дека во огромно мнозинство ќе гои заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – кажа Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ Венко Филипче да се држи до медицината, бидејќи, како што вели, дефицитот е помал за половина од тоа што го кажува, додека „против инфлацијата се бориме од 14 на 4%“.
– Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата, односно лекарскиот занает. Неговите претходници ми држеа лекции, па видовме како завршија, ако било толку добро, а тоа е од 2022 година надвор од владата, тогаш немало тие да бидат во дебела опозиција и со оние бројки како што ги имаат сега и во парламентот и генерално во јавното мислење. Но, повторно она коешто тој го кажува е акт дека не е вистина .
Мицкоски нагласи дека во владите на СДСМ во 2022 и 2023 година, буџетскиот дефицит не бил под 5-5,5%, а во однос на инфлацијата, како што вели тој сега е под 4%, додека за време на владеење на СДСМ била двоцифрена и достигнуваше во 2022 година 14,2%.
– Вчера спомена, а и во прес-конференцијата дека буџетскиот дефицит до крајот на годината ќе биде една милијарда и 400 милиони евра. 15-ти октомври, значи 2 и половина месеци пред да заврши оваа година буџетскиот дефицит е 560 милиони евра. 40% од тоа што тој го кажува како проект. А до крајот на годината може максимум да дојде еве до 600-650 милиони евра, и да ги следи капиталните инвестиции. Тоа е 3,4% од БДП. Во владите на СДСМ 2023,2022, ајде 2021 и 2020 не ги сметаме тогаш сè уште беше короната, еве ќе ги оставиме – кажа Мицкоски и додаде:
– 2022, 2023 тие немаат година под 5, 5 и пол% буџетски дефицит. Зборува за инфлацијата многу биле високи 4%. Од јануари до септември се 4% до крајот на годината убеден сум дека ќе ја видиме 3ката, а следната година ќе бидеме помеѓу 2 и 3%, што е најниско во регионот. Ајде да видиме како било 2023. 9,4%. Како било 2022, 14,2%. Сега 2022 14,2% е малку, 2023 9,4% е уште помалку, а 2025 под 4% е многу.