ИМАМЕ ДОВОЛНО ОБЛЕКА НА ПЛАНЕТАТА ЗА СЛЕДНИТЕ 6 ГЕНЕРАЦИИ?! Зошто продолжуваме да купуваме повеќе?

Луѓе, дали знаете дека денес има доволно облека во светот за да се облечат следните шест генерации?! Наместо да им оставиме на следните генерации парчиња облека со приказна, им оставаме планета полна со ѓубре, велат од АРНО.

64

Трошиме повеќе од кога било, но нашиот однос кон нашата облека никогаш не бил толку оттуѓен.

Во не толку далечното минато, цели генерации на братучеди, браќа и сестри си ја наследуваа облеката едни од други и израснаа во тој дух. Ако порано се зборуваше за џемперот кој има
приказна и се чуваше фустанот за свечени пригоди, денес брзата мода оставa купишта отпад.






Се сеќавам на времето кога мајка ми не сакаше да се одвои од парчиња облека стари половина век само затоа што ѝ беа спомен од некоја од сестрите, од братучетка или од пријателка. И морам да признаам дека голем дел од овие парчиња ги наследивме ние.

Уште се сеќавам на тоа дека со другарките секогаш си менувавме облека и не ни пречеше да се појавуваме во истата комбинација на различни места.

И син ми порасна со облека од постариот братучед, а сега и неговиот син наследува од постарите втори братучеди, од децата на пријателите и самите веќе ја пакуваат облеката која веќе не му е точна нему и ја проследуваат понатаму. И тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај моите деца – тоа што го сметаат ова за нормално, а на облеката ѝ се радуваат како да е нова.

Луѓе, дали знаете дека денес има доволно облека во светот за да се облечат следните шест генерации?!
Наместо да им оставиме на следните генерации парчиња облека со приказна, им оставаме планета полна со ѓубре!

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини