ИМАМЕ ДОКАЗИ ЗА ОНКОЛОГИЈА, ВИНОВНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ПО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ Министерот Спасовски тврди дека истрагата дава резултати
На забелешката дека се поминати 40 дена откако МВР влезе на Онкологија и дека сè уште нема ништо конкретно, Спасовски рече дека ниту една истрага не може да биде „орочена со датум“.
Има докази, тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази сè уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се од електронските уреди – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на 360 степени на прашање за текот на истрагата за скандалот на Клиниката за онкологија.
– Тоа што е за вештачење во МВР, во делот на електронските уреди, ние ќе го работиме, тоа што е за вештачење со медицинската документација, ќе го работат стручните луѓе од медицината и веќе го работат – рече министерот за внатрешни работи.
Спасовски очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што нагласи, виновникот секогаш има име и презиме и тој треба да биде изведен пред лицето на правдата.
На забелешката дека се поминати 40 дена откако МВР влезе на Онкологија и дека сè уште нема ништо конкретно, Спасовски рече дека ниту една истрага не може да биде „орочена со датум“.