ИМАМЕ ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО ПРЕДЛОГОТ Од СДСМ велат Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет

СДСМ потенцира дека во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.

1,922

СДСМ вечерва излезе со реакција на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред седиштето на партијата. За владеачката партија, Христијан Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, кога станува збор за важно прашање.

– Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски. Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет – појаснуваат од партијата.






СДСМ потенцира дека во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.

– Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме. Секако дека уште утре ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен денеска. Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста. Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски. Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации – порачуваат од владеачката партија.

СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.

Мицкоски вечерва изјави дека во новиот предлог се сменети само два збора.

– Барам веднаш без криење ако е добар толку овој предлог да го објави веднаш на нејзината електронска страница. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија – рече претседателот на најголемата опозициска партија.

Поврзани содржини