ИМАМЕ БДП ОД 17 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ДА СТИГНЕ ДО 20 МИЛИЈАРДИ Најниско е нивото на јавен долг во последните 5 години

Јавниот и државниот долг се најниски во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

1,286

Јавниот и државниот долг се најниски во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за нивото на јавниот и на државниот долг.

– Очекува, да продолжи да се намалува. Инаку, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве 5 години. Односно, јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак државниот е 50,1%. Како Влада имаме јасна стратегија, до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки: јавниот да биде под 55%, зошто да не и под 50% од БДП, а државниот да биде под 45%, зошто да не и под 40% – рече премиерот.






Но, она коешто за мене е исто така важно, додаде тој, е номиналниот бруто домашниот производ да биде 20 милијарди долари.

– Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат, очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цел во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сум сигурен, бидејќи како што кажав, во месеците коишто следат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини