ИМАМ ПРАШАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ МИНИСТЕР… Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија (ВИДЕО)

Ова е втор скандал од посетата на Бектеши на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња и без македонско знаме.

11,637

Министерот за економија Крешник Бектеши реагираше кога при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“. На прес конференцијата со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите го прашале за легализација на медицинскиот канабис.

Имам прашање до македонскиот министер… – рече новинарката, на што министерот Бектеши одговори:






– Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец – рече Бектеши.

Ова е втор скандал од неговата посета на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња и без македонско знаме.

Поврзани содржини