Актерката Кристина Еплгејт (49) потврдила – „имам мултипла склероза (МС), доживотна болест која влијае на мозокот и нервите“.
„Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултипла склероза. Ова ќе биде чудно патување. Но, добив толку многу поддршка која многу ми значи. Беше тешко. Како што сите знаеме, животот продолжува понатаму“, рекла актерката.
На социјалната мрежа Твитер Кристина Еплгејтт им се обратила на фановите со зборовите:
„Како што еден од моите пријатели со мултипла склероза рече: „Морам да се потрудам и да ги преземам работите во свои раце“. И, тоа е тоа што јас го правам. Поради тоа сега барам приватност. Додека поминувам низ ова. Им благодарам на сите“.
Обожавателите на актерката ѝ дале поддршка во оваа борба: „Ви испраќам светлина. Бидете силни и молете се за себе и за вашето семејство. Силни сте, но во ред е да не бидете такви цело време“, ѝ напишал некој фан.
„Нека пријателите и семејството ви бидат сила. Вие сте една од моите омилени актерки и инспирација. Вие сте борец. Секогаш навиваме за вас“, се огласил друг.
Мултипла склероза е доживотна состојба која ги оштетува нервите и на телото му отежнува да ги извршува секојдневните работи вклучувајќи го одењењто, разговорот и јадењето.
Кристина пред неколку години се избори со ракот на дојката. Нејзината мајка двапати имала карцином на дојката, а на Кристина ѝ бил дијагностициран на 36 години. Но, освен ракот на дојката, Кристина дознала дека носи и BRCA ген, односно наследен рак на дојка што значи дека и по терапијата би можел да се врати. Затоа, Кристина се одлучила за двојна мастектомија (отстранување на дојките), иако ракот ѝ бил окриен во едната дојка.
Оттогаш актерката настојува да ја крене свеста во јавноста за важноста за тестирањето, како и за превентивните мерки за сите жени.
Сега ѝ претстои нова борба со која се бори и нејзината позната колешка.
Колешката на Кристина, актерката Селма Блер беше отворена во сопствената борба со оваа состојба која ѝ ја дијагностицираа пред три години.
„Имам МС и е во фаза на влошување. Јас сум инвалид. Понекогаш паѓам. Понекогаш ги испуштам работите од раце“, напишала таа на Инстаграм.
„Моето сеќавање е магловито. А, мојата лева страна бара упатства од расипан ГПС. Не знам што сѐ треба да правам, но ќе дадам сè од себе во оваа борба. Со години сум имала симптоми, но никогаш не сум ги сфаќала сериозно сè додека не паднав. Веројатно ја имам оваа неизлечива болест најмалку 15 години“, рекла Блер.