Група Албанци, качени на коњи, носејќи албански знамиња и други симболи кои можат да се поврзат со идејата за голема Албанија, дефилирале низ Гостивар. Преку социјалните мрежи се појави видео од оваа случка. Од СВР Тетово за МКД.мк велат дека настанот бил поврзан со семејна веселба, но дека во координација со јавен обвинител ќе следуваат адекватни поднесоци.
– Помеѓу 12 и 13 часот, по улица ‘Браќа Ѓиновски’ во Гостивар, во непосредна близина на општинскиот објект, забележани се неколку лица кои на коњи се движеле кон центарот на градот, а кои како дел, односно претходница на семејна свеченост, со себе носеле и виореле албански национални знамиња.
СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар веќе ги идентификуваше лицата и во координација и консултација со јавен обвинител презема соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат адекватни поднесоци – ИЗЈАВИЛ портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.