ИМАЛО ОТКАЗИ За една година бројот на работници во индустријата намален за 2,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците само во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи опаѓање од 6,2 отсто.

552

Бројот на работниците во индустријата лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи опаѓање од 6,2 отсто, во „преработувачка индустрија“ има опаѓање од 3,1 отсто, а во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 1,3 отсто.






Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај „енергија“ за 2,8 отсто, „капитални производи“ за 0,5 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7,2 отсто, додека пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,4 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 4,1 отсто.

Поврзани содржини