ИМАЛЕ СЕКС ВО ХОТЕЛ, А ПОСЛЕ СИ СЕ ВИДЕЛЕ НА ПОРНО КАНАЛ!? Шпионската порнографија зема сè поголем замав

Би-Би-Си откри илјадници видеа тајно снимени во хотелски соби и продадени како порнографија на разни веб-страници. Многу од нив се рекламираат на Телеграм. Во текот на 18 месеци, медиумот идентификувал шест различни веб-страници и апликации кои тврдат дека работат со повеќе од 180 шпионски камери во хотелски соби, од кои некои се емитуваат во живо.

331

Една ноќ во 2023 година, Ерик прелистувал канал на социјалните медиуми што редовно го користел за порнографија. Само неколку секунди по почетокот на видеото, се стаписал! Сфатил дека двојката што ја гледа, која влегува во соба, го остава багажот, а подоцна има секс – се тој и неговата девојка!

Три недели претходно, тие ја поминале ноќта во хотел во Шенжен, јужна Кина, несвесни дека биле снимени од скриена камера во нивната соба. Снимката била поставена на Телеграм и ставена на располагање на илјадници корисници.






Ерик (не е неговото вистинско име) повеќе не бил само потрошувач на кинеската порно индустрија – туку жртва. Таканареченото порно со „шпионски камери“ постои во Кина најмалку една деценија, иако производството и дистрибуцијата на овој тип содржини е нелегално.

Темата станува сè попопуларна на социјалните медиуми во последниве години, при што луѓето – особено жените – разменуваат совети за тоа како да забележат камери мали како гума за молив. Некои дури почнале да поставуваат шатори во хотелските соби за да избегнат снимање. Во април минатата година, новите владини регулативи бараа од хотелите редовно да проверуваат дали се поставени скриени камери, но проблемот и наатаму постои.

Би-Би-Си откри илјадници видеа тајно снимени во хотелски соби и продадени како порнографија на разни веб-страници. Многу од нив се рекламираат на Телеграм. Во текот на 18 месеци, медиумот идентификуваше шест различни веб-страници и апликации кои тврдат дека работат со повеќе од 180 шпионски камери во хотелски соби, од кои некои се емитуваат во живо.

Би-Би-Си следел една од овие страници седум месеци и пронашол содржини од 54 различни камери, при што околу половина од нив се активни во кое било време. Ова значи дека илјадници гости може несвесно да бидат снимани.

Ерик почнал да гледа вакви видеа како тинејџер, привлечен од фактот дека луѓето не знаеле дека се снимани. Но, откако го откриле видеото од себе си и неговата девојка Емили (името не е вистинско), искуството ги трауматизирало. Емили се плашела дека снимката можеби ја виделе нејзини колеги и роднини, а двајцата не разговарале еден со друг со недели.

Еден од главните продавачи на таква содржина на кој наишол Би-Би-Си била агентка која се нарекувала „Aка“. Претставувајќи се како клиент, новинарот плаќал 450 јуани месечно за пристап до страница која нудела преноси во живо од хотелски соби. Платформата дозволувала избор на неколку видео стримови, како и преземање архивирани клипови. На Телеграм, Aка управувала со канал со околу 10.000 членови и нудела пристап до архива од над 6.000 видеа кои датираат од 2017 година.

Би-Би-Си успеала да пронајде една од камерите во хотелска соба во Џенгжу, каде што истражителите пронашле камера скриена во отвор за воздух и насочена кон креветот. Детекторот за скриена камера не успеал да открие ништо. Откако камерата била деактивирана, претплатниците на Телеграм реагирале со разочарување, но Aка наскоро известила дека веќе е активирана друга камера.

За време на истражувањето, Би-Би-Си идентификувал десетина такви агенти. Нивните разговори покажале дека тие работеле за „сопственици на камери“ кои ја организирале инсталацијата и управувале со платформите. Медиумот успеал да контактира со лице со профилно име „Брат Чун“, кое било поврзано со снабдувањето на страницата, но тој тврдел дека е само агент за продажба.

Би-Би-Си проценува дека само Ака заработила најмалку 163.200 јуани од април. И покрај строгите правила, новинарите лесно купувале шпионски камери на големиот онлајн-пазар Хуакиан-беи.

РејнЛили, невладина организација со седиште во Хонг Конг, која им помага на жртвите да отстранат вакви видеа од интернет, вели дека побарувачката за нејзините услуги расте, но Телеграм не одговара на барањата за отстранување содржина. Телеграм подоцна соопшти дека го забранува споделувањето порнографија без согласност и дека отстранува милиони штетни материјали секој ден.

Откако Би-Би-Си ги пријави своите наоди за Ака и Брат Чун, нивните профили на Телеграм се избришани, но страницата за пренос во живо сè уште работи.

Ерик и Емили остануваат трауматизирани. Тие се обидуваат да ги избегнуваат хотелите и носат капи во јавноста за да не бидат препознаени. Ерик вели дека повеќе не гледа такви канали, но сè уште ги проверува повремено, плашејќи се дека неговото видео може повторно да се појави.

Поврзани содржини