ИМАЛЕ ДОЗВОЛА ЗА ЛОВ НА ПАЈКИ, АМА ИМ ПРЕТРЧАЛЕ СРНИ Приведени се двајца ловџии од Битола, ги фатиле со две мртви срни во гепек

„При преглед во возилото 'форд' со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов“, објавија од МВР.

98

Во неделата околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола, информираше МВР.

„При преглед во возилото ‘форд’ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов“, објавија од МВР.






Оттаму велат дека тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини