ИМАЛ ТРИ ТЕТОВАЖИ НА ПУТИН На руски балетан му откажаа настап

Управата на италијанскиот театар вели дека ова го решила поради политичка и морална одговорност.

1,582

Театарот „Арчимболди“ во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин, а причина се трите тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин на неговото тело.

Полунин требаше да настапи на 28 и 29 јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Управата на театарот вели дека ова го решила поради политичка и морална одговорност.






Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство доби во 2018 година. Пред неколку месеци во Узбекистан тој во воена униформа изведе танц за паднатите руски војници. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergei Polunin (@poluninink)

Поврзани содржини