ИМАЛ СТАКЛЕНА СОБА ЗА МАЧЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ Уште еден бизарен детаљ од животот на пејачот
Во својот стан во западен Холивуд имал мала, звучно изолирана стаклена соба во која ги заклучувал жените со кои се гледал.
Контроверзниот пејач Мерилин Менсон е познат по својата ексцентричност, а во последно време обвиненијата против него од бројни жени не стивнуваат.
Како што неодамна објавија медиумите, полицијата во Лос Анџелес издаде официјално соопштение во кое се наведува дека Мерилин Менсон (52) е под истрага поради наводи за злоупотреба.
„Мирор“ неодамна напиша дека Мерилин носел девојки во својот автобус за време на турнеја во Велика Британија, кои ги принудувал да се соблечат за време на бизарна сексуална игра.
Сега излезе нов бизарен податок за Мерилин – дека во својот стан во западен Холивуд имал мала, звучно изолирана стаклена соба во која ги заклучувал жените со кои се гледал, е и повеќе од вознемирувачки, пренесува магазинот „Ролинг стоун“.
Неколку лица кои се забавувале со познатиот пејач, чие вистинско име е Брајан Варнер, изјавиле дека просторот бил „самица која се користи за психичко мачење на жените“, а пејачот ја нарекувал „соба за лоши девојки“.
„Секогаш имаше шеговит, пофален тон“, изјавила Ешли Волтерс, поранешната помошничка на Менсон која го тужела за сексуални напади, тврдејќи дека сакал да разговара со луѓето кои се наоѓале во таа соба.
Пејачот во една прилика и самиот раскажал дека Ешли била една од жените кои го обвиниле за злоупотреба.
Да потсетиме, манекенката Ешли Морган Смитлајн (36) во своето прво интервју за магазинот „Пипл“, откако во февруари во објава на Инстаграм го именуваш Менсон како нејзин насилник, својот поранешен партнер го нарече „чудовиште“.
Манекенката тврдела дека пејачот за време на сексот во текот на двете години од нивната врска безброј пати ја силувал, ја гризел, ја камшикувал, ја сечел со нож… Би ја казнувал заклучувајќи ја во стаклена кутија – „соба за лоши девојки“, секогаш кога таа ќе го налутела.
Рајан Браун, поранешен асистент на пејачот, исто така изјавил дека собата постоела, но рекол дека никогаш не видел заклучена жена во истата.