ИМАЛ КРВАВЕЊЕ ВО МОЗОКОТ Почина создавачот на „Драгонбол“

281

Создавачот на „Драгонбол“, јапонскиот манга уметник Акира Торијама, еден од највлијателните и најпродавани јапонски стрип-уметници, починал на 1 март на 68-годишна возраст.

Стрип-серијата „Драгонбол“ првпат се појави во 1984 година, а приказната го следи момчето Гоку во неговата потрага и собирање волшебни змејови топки за да се одбрани од вонземјаните… Светски познатата серија за „Змејовата топка“ инспирираше и цел еден жанр – аниме (специфични јапонски цртани филмови и серии во тој стил), што го постави при врвот на современиот култ кон овој вид уметност.






Уметникот боледувал од акутен субдурален хематом. Тоа е вид крвавење во пределот на мозокот, соопшти денеска неговото студио. Торијама имал и недовршени дела во мигот на неговата смрт.

„Тој би имал уште многу што да покаже. Сепак, остави доста ‘манга’ (цртани дела, претходник на жанрот аниме) наслови и уметнички дела на овој свет. Се надеваме дека уникатниот свет на Торијама ќе продолжи да биде сакан од сите уште долго време“, се наведува во соопштението.

На неговиот погреб присуствувале само неговото семејство и неколку пријатели.

Поврзани содржини