ИМААТ ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ, А УПОРНО ВОЗАТ Полицијата апелира да се почитуваат изречените мерки

1

Во текот на вчерашниот ден, полицијата лишила од слобода четворица возачи. Двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.

Станува збор за возачи од Кичево и од Свети Николе кои управувале возило без возачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.






– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – велат од полицијата.

 

Поврзани содржини