📽 ИМААТ ПРАВО ДА РАЗГОВАРААТ СО СВОЈОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Вучиќ ги повика студентите на јавна дискусија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека не му е целта да победи во телевизиска дебата, туку заедно со претставниците на студентското движење да се најдат заеднички решенија преку дијалог и преку размена на визии. Тој истакна дека сака мирен разговор за иднината, без конфликти и без насилство, со цел Србија да се врати на вистинскиот пат и граѓаните да бидат задоволни.

502

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика претставниците на студентското движење кое врши блокади на јавна дебата пред сите камери.

Целта на поканата е, пред очите на јавноста, отворено да се разговара за барањата и за блокадите кои последните месеци го парализираат сообраќајот и предизвикуваат незадоволство кај граѓаните.






– Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници кои тие самите ќе ги изберат. Подготвен сум против… и не против, се извинувам, и тоа само ги потврдува моите грешки… Подготвен сум да влезам во дијалог, јавна дебата, со тројца или со четворица кои размислуваат поинаку. Имаат право тоа да го бараат од својот претседател, вклучително и избори и сè друго – изјави Вучиќ.

Тој додаде:

– Ова не е за да ги победувам во некаква ТВ дебата, туку за да најдеме заеднички решенија. Време е да ги покажеме своите лица, да се прикажат програмите. Сакам да водиме борба на визии, борба за иднината, да ги решаваме работите преку дијалог и разговор, без конфликти и без насилство. Да ја обновиме земјата и повторно да ја вратиме на вистинскиот колосек, за да бидат луѓето  задоволни. Ќе дадам сѐ од себе за да го покажам тоа почитување – наведе тој.

Вучиќ напиша и опис на видеото што го објави на својот профил на Инстаграм во кое ги поканува студентите на дебата.

„Србија мора да ги решава своите проблеми преку демократски дијалог, а не со насилство. Ги повикувам претставниците на движењето што врши блокади на разговор и на јавна дебата за визиите, да разговараме за нашите планови и програми за иднината и за сите заеднички да го осудиме насилството на нашите улици“, напиша претседателот.

Сè уште не е познато дали студентите ќе ја прифатат поканата и под кои услови би можела да се одржи средбата, објави Србија данас.

Протестите на почетокот настанаа како реакција на инцидентот со натстрешницата во Белград и првично беа мирни, со барање да се утврди одговорноста за несреќата. Сепак, со текот на времето движењето се радикализираше и ги прошири своите барања во политичката сфера.

Студентското движење најавува продолжување на акциите, па повикот на Вучиќ за јавна дебата е можност разговорот да се врати во институционални рамки, а улиците да се ослободат од тензии, се вели во текстот на Србија данас.

Поврзани содржини