Имаа цел да стекнат „колективен имунитет“, но сега имаат највисока стапка на смртност
Стапката на смртност од коронавирусот во Велика Британија во изминатите седум дена е повисока отколку во Италија и Франција заедно.
Со повеќе од 500 починати на милион жители, Велика Британија моментално бележи највисока стапка на смртност како последница од ковид-19, пренесува „Independent“.
Стапката на смртност од коронавирусот во Велика Британија во изминатите седум дена е повисока отколку во Италија и Франција заедно.
Шведска е на второто место во светот во однос на стапката на смртност во последната недела, зад Велика Британија.
Во последните 24 часа во Велика Британија, уште 118 лица починале како последица од коронавирусто, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на починати изнесува 36.793 лица.
Најголем број на смртни случаи од ковид-19 во светот е регистриран само во САД – 99.805.
И покрај тоа, бројот на смртни случаи на милиони жители е поголем во Велика Британија отколку во САД, која има поголем број на смртни случаи, но и поголем број на жители.
Од 20 мај, дневниот број на смртни случаи од ковид-19 се намалува во Велика Британија и САД, бидејќи карантинските мерки и другите превентивни мерки почнуваат да даваат резултати.
Сличен тренд може да се забележи во Италија и Франција.
Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во овие земји исто така опаѓа, што значи дека бројот на починати од нејзините последици ќе биде помал. Сепак, овој тренд би можел да се промени, сега кога мерките за карантин се олеснуваат во овие земји.
Некои експерти предупредуваат дека предвременото олабавување на карантинските мерки може да доведе до уште еден бран на епидемијата.
Треба да се потсетиме дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најпрво се залагаше за стратегијата за „колективен имунитет“ во март, но се откажа поради притисокот на јавноста.