ИМА СВОЈА КАНЦЕЛАРИЈА И СЕГА БАРА СТАН Што прави и каде исчезна Меланија Трамп? (ФОТО)

Меланија не се појавила на роденденската забава за 75 роденден на Доналд, па тоа ги поттикна и гласините дека ќе се разведуваат.

917

Откако семејството Трамп ја напушти Белата куќа во јануари, поранешната прва дама, Меланија Трамп, исчезна. Јавноста е љубопитна, каде е убавата Словенка и што прави во животот.

Меланија не се појавила на роденденската забава за 75 роденден на Доналд, па тоа ги поттикна и гласините дека ќе се разведуваат.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)

Откако заминаа од Белата куќа и на нивно место дојде семејството на Џо Бајден, поранешната прва дама ги избегнува јавните појавувања со Трамп.

Но сепак, тие биле забележани во придружба на синот Барон, во Мар-а-Лаго на Флорида, тројцата добиле овации и аплауз од фановите на Доналд.

Меланија отворила канцеларија во ресортот Палм Бич, а планира да ја продолжи и иницијативата „Be Best“ која се фокусира за помош на децата, токму во оваа локална заедница.

Кога семејството живеело во Њујорк, Меланија имала свој стан, во кој била сама и одвоена од Трамп, така и сега убавата Словенка бара недвижнини надвор од Мар-а-Лаго, а оваа информација послужи за да се рашират шпекулациите за нивниот развод.

Таа отсекогаш го сакала гламурозниот живот во Њујорк, а во градот последно се појавила кога ја напуштила кулата на Трамп.

Но, тука живее и нејзината сестра Инес Кнаус, како и нејзините родители Виктор и Амалија Кнаус, па затоа овој престој на Меланија може да трае подолго.

Поврзани содржини