ИМА СКАНДАЛИ ВО ЗДРАВСТВОТО Мисајловски вели дека земјава тргува со базите на податоци
Во земјава се тргува на големо со базите на податоци и никој не одговара за тоа, туку премиерот е заинтересиран за смена на министри и партиски дресови. Притоа не го интересира тоа што здравствените работници не зеле плата и зошто некој тргува со податоци на граѓаните, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Главна тема во земјава е здравството, а во здравство имаме хакиран систем. Се разрешува овој министер за здравство, а сега дебатираме за разрешување на министерот за информациско општество и администрација. Овој министер е задолжен за интегрирана информатичка мрежа и безбедност на податоците. А тоа го немаме. Но, ниту министерот за здравство, ниту министерот за информациско општество не се разрешуваат поради овие скандали, туку поради менување партиски дресови, рече Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за разрешување на министри во Владата.
Според него, единствениот мотив за разрешување на министрите е смена на партиски дресови, вклучување на партија во Владата.
– Во земјава се тргува на големо со базите на податоци и никој не одговара за тоа, туку премиерот е заинтересиран за смена на министри и партиски дресови. Притоа не го интересира тоа што здравствените работници не зеле плата и зошто некој тргува со податоци на граѓаните – рече Мисајловски.
Според него, токму оваа Влада која се залагаше за транспарентност нема ништо со транспарентноста.
– Премиерот го нема никаде, новинари не можат да добијат информација, граѓаните не добиваат соодветни информации. Ова е сѐ само не е транспарентност. И притоа никој не повикува никого на одговорност. Дали директорите од ФЗО се криви? Дали министрите се разрешуваат поради скандалите. Има многу прашања, одговори нема. Премиерот тера само партиска математика – рече Мисајловски.