Има само 12 години: Ќерката на Џенифер Лопез ќе ја објави својата прва книга ФОТО

1,216

Откако го одушеви светот со своите гласни способности на годинашниот Супербол, ќерката на Џенифер Лопез, Ема, ја напиша својата прва книга.

Имено, латино дивата се пофали на својот инстаграм-профил дека нејзината 12-годишна ќерка ја започнала својата кариера и како писател, и дека нејзината прва книга ќе биде објавена наесен.






Станува збор за книгата која се вика „Господе, помогни ми“ (Lord Help Me), а која содржи дневни молитви.

„Јас сум неверојатно горда. Во својата прва книга „Господе, помогни ми“, Ема ги сподели со своите читатели своите мали, дневни молитви. Оваа книга ќе им помогне на семејствата да пронајдат мир и сила во секојдневниот живот. Книгата ќе може да се купи дури на 29 септември, но веќе можете да ја нарачате“, напишала Џенифер.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини