🎥 „ИМА РАЗЛИКА МЕЃУ ВИНОТО ОД СТИРОПОР И ТОА ОД ГРОЗЈЕ“ Ковачевски му се уфрли во збор на Николовски за да го одбрани за доделените 2,5 милиони евра

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека распределбата на парите не била селективна, немало рангирање туку добиле сите кои ги исполнувале условите и токму како резултат на програмите за две години се регистрирани 174 нови македонски винарници.

5,931

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, влета пред камерите да му помогне на министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој неколку минути се обидуваше да се одбрани од обвинението на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски дека направил упад во системот со програмите и без никаква контрола поделил 2,5 милиона евра на мали винарници.

Додека Николовски се обидуваше да објасни дека сѐ било законски во распределбата на парите, Ковачевски кој стоеше зад него излезе пред камерите и прокоментира:






– Има една разлика, ќе ти помогнам, што Трипуновски претставува политичка партија која докажала и покажала дека смета дека вино се прави од стиропор. Ние докажавме и покажавме дека вино се прави од грозје. Тоа е разликата.

(изјавата е на 28,21 минута)

Ковачевски рече и дека земјава е на 13 место во светот по извоз на вино, а минатата недела токму малите семејни винарници се организирале и направиле извоз во Австралија, Нов, Зеланд и во Бразил.

– Ако од 2020 до 2024 се исплатени 560 милиони евра во директни плаќања, за периодот 2024 – 2028 година, вкупниот буџет ќе го зголемиме на 750 милиони евра. Оваа мерка покрај тоа што директно ќе ја подобри состојбата во земјоделството, ќе има ефект и на извозот. Со ова очекуваме извозот од земјоделскиот сектор од сегашните 700 милиони да се зголеми на една милијарда и 250 милиони евра до 2028 година – рече Ковачевски, најавувајќи дека ќе се зголеми и Програмата за рурален развој за 20%, со што буџетот за таа намена ќе биде над 100 милиони евра за периодот 2024-2028 година.

Пред тоа, Николовски изјави дека распределбата на парите за малите винарници не била селективна, немало рангирање туку добиле сите кои ги исполнувале условите и токму како резултат на програмите за две години се регистрирани 174 нови македонски винарници.

– Од небо се гледа за 67-те винарници кои денес јасно, со име и презиме го посочија токму тој кој што се обидува да ги кочи и да ги блокира, не само законите, сега сака да ги кочи и да ги оспорува програмите. Токму македонските винарници станаа брендот по кој ние сме препознаени насекаде. Таму нема делби и селекции. Има само еден кој што нема добиено. Еден. Тој е зад мене, раководител е на секторот и неговото семејство на првиот оглас, но и сега, нема добиено грант. Не знам од каде е таа храброст да се употребуваат имиња без никаква аргументација. Да, од морални од етички причини нема добиено поддршка за грант, но имаат добиено сите други – рече Николовски.

Според него, ваквите тврдења на Трипуновски се обид да се атакува врз сите кои добиле грантови од 10.000 евра и веќе развиле успешни бизниси.

Николовски и Ковачевски денеска ја посетија малата винарница „Брзанов“ во Трубарево.

 

НИКОЛОВСКИ ПОДЕЛИЛ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА НАДВОР ОД ПРОГРАМИТЕ НА ПЛАТЕЖНАТА АГЕНЦИЈА Не е вршена никаква контрола, а пари делел партиски функционер, обвини Трипуновски

Поврзани содржини